Четвртиот осомничен во случајот со набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци поврзан со поранешниот владин генерален секретар Драги Рашковски е професор на ФИНКИ и бил хонорарно ангажиран во Владата, објави БИРН.Тој бил задолжен во делот на изготвувањето на техничката спецификација на тендерот, односно обвинителите се сомневаат дека ја направил да соодветствува со патентот на Рашковски.

Ова е втор хонорарец ангажиран од Рашковски во Владата кој е поврзан со случајот, откако претходно „360 Степени“  објави дека џипот што го вози eкс-генсекот е на име на еден од „тајните хонорарци“ во Владата, исто така осомничен во аферата.

Со тоа се исцртува кругот на засега четворица што ги осомничи обвинителството – Рашковски, ако се знае дека третото лице кое преостанува е Даниел Станчев, сопственикот на „Инвока груп“, фирмата-добитник на тендерот.

На двајцата хонорарци ангажманот им почнал во време додека на чело на Секретаријатот бил Драги Рашковски.