Комесарот за проширување Јоханес Хан по подолго време повторно е во Македонија. Неговото доаѓање се совпаѓа во можеби новата политичка криза во земјава. Она што јавноста најмногу ја интересира е аферата „Рекет“ за која постои сомневање дека се замешани и владини функционери.

Другата тема за која сигурно ќе стане збор е законот за јавно обвинителство кој ЕУ бара да се донесе. Преговорите запнаа откако власта и опозицијата различно гледаат на тоа на кој начин треба да продолжи со работа Специјалното јавно обвинителство кое при формирањето доби голема поддршка од официјален Брисел.