Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан преку твитер изрази увререност дека пратениците од сите полтички парии во македонското Собрание ќе ги тргнат настрана партиските интереси и ќе донесат одлука во интерес на земјата и граѓаните.

Ова се одлучувачки денови за Македонија. Пратениците ќе гласаат за историскиот Преспански договор што ги отвора вратите на земјата за евороатлантската интеграција. Ова е гласање за иднината на земјата и позитивните перспективи за граѓаните.


По неколку минути твитна уште еднаш:

Јас сум уверен дека пратениците од сите политички партии се свесни за огромната можност и одговорност со која се соочуваат денес. Сега е време да ги стават настрана партиските интереси и да дејствуваат во интерес на земјата и нејзиниот народ!, порачува Јоханес Хан во пресрет на завршната дебата во македонското Собрание и гласањето за потребата од измена на Уставот во согласност со Договорот од Преспа.