Четирите момчиња и рибарот кај Смилковското Езеро, на 12 април 2012 година биле усмртени со два калашникови и пиштол, сведочеше на денешното судење вештото лице Неџат Муриќ, дипломиран форензичар во областа на балистиката, вработен во крим техниката при МВР.

Донесени се 21 чаура, испукани 8 проектили, од Калашников и пиштол долга деветка, истакна тој.

Во МВР биле донесени тие примероци, но не и оружјата.

Вештакот исто така напомена дека една од педестината чаури кои биле испукани кај една фарма во Белимбегово во 2009 година се поврзува со испукана чаура кај Смиљковското Езеро. За инцидентот кај Белимбегово на шестгодишна казна затвор е осуден Фејзи Азири обвинет и во случајот „Монструм”.

На денешното рочиште за „Монструм“, шест вештаци ќе ги произнесат наодите од своето вештачење од различни области поврзани со петкратното убиство кај Смилковско езеро.