Тој вели дека ако навистина Унгарија му дала политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, „очекува гласно објаснување за нејзините основи од унгарскиот премиер Виктор Орбан“.

Изненадувачки е што Унгарија го поддржува членството на Македонија во ЕУ, но не ја смета за сигурна земја, напиша еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Твитер.

Владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа, напиша Хан.