Во Собранието се формираше иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10 партии и еден независен пратеник.
На средбата во клубот на пратениците, одржана на 11 септември, формирана е група од пратеници кои се залагаат за пропорционален изборен модел со една изборна единица.
Пратениците од иницијативата бараат да бидат вклучени во процесот на измена на изборниот законик, на кој, како што велат, се обврзани како држава по забелешките на ОБСЕ/ОДИХИР од последните парламентарни избори. За таа цел, денес писмено пабарале состанок со претседателот на собранието, Талат Џафери, и со претседателите на трите партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои го водат овој процес.
Comments are closed for this post.