Екс премиерот Никола Груевски, а сега азилант повторно се јави од Будимпешта преку социјалната мрежа „Фејсбук. Груевски го обвинува Заев дека „бомбите“ кои ги објавуваше биле кратени, а судот пак дека добил само третина од материјалот. Според Груевски, Заев на јавноста и призна дека крател и манипулирал со повеќето снимки.

Заев вчера јавно во изјава потврди дека не само снимката поврзана со Мартин Нешковски, туку повеќето снимки кои и ги пушташе на јавноста во 2015 – ги крател.

При тоа одбегна да одговори зошто кога ја крател, ја скратил и монтирал на таков начин да создаде перцепција дека навистина јас и Јанкуловска сме сакале да прикриеме убиство.

Одговорот е јасен: за да дојде на власт. Ама ќе беше многу ако и тоа го признаеше. Ако еден ден има судење за оваа измама како резултат на која во болница завршија 40 повредени полицајци, признанието и каењето ќе му биде земено како олеснителна околност, пишува Груевски.