Во сенка на мега корупцискит скандал на владата „Рекет“ останаа неколку крупни работи од кои државата, граѓаните и посебно Mакедонскиот народ во иднина може да има огромна штета – пишува поранешниот премиер, Никола Груевски, на својот Фејзбук профил.

Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, истакнува дека начинот на кој се води случајот „Рекет“ е последната потврда дека мафијата ја контролира државата, односно дека државниот врв стои зад мафијата.

Ова значи дека комплетниот снимен компромитирачки матерјал за актуелното раководство на државата и владејачката партија вмешано во аферата го има службата на соседната земја. Мислам на целиот матерјал, а не само оној дел кој е објавен во јавноста.Тој компромитирачки матерјал може да го искористи за уцена на државниот врв на Македонија, пред се по однос на нови и дополнителни остапки по националните прашања, но и за други остапки на пример поврзани со енергетска зависност, превземање на значајни монополи и слично.
Ако досега се веруваше дека заради лични криминали, барање мито и слични активности, високите државни раководители се уценети од некои светски сили, сега веќе се чини се уценети и од соседни земји.
Секој ден повеќе опстанок на оваа уценета влада е огромен ризик за Македонија за нови изнудени отстапки – пишува Груевски.

Во сенка на мега корупцискит скандал на владата “Рекет” останаа неколку крупни работи од кои државата, граѓаните и…

Posted by Nikola Gruevski on Wednesday, September 4, 2019