Поранешниот премиер Никола Груевски се уште не се јавил во истражниот затвор во Шутка на издржување на казната затвор во траење од две години, соопшти Основниот суд Скопје 1-Скопје.
Како одговор на повеќе новинарски прашања, Судот соопшти дека од КПУ Затвор Скопје – Скопје до нив пристигнало известување дека обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“, се уште не се јавил на издржување на правосилно потврдената казна.
Воедно, судските служби во текот на денот правеле нови обиди да го достават решението на кривичниот совет со кој се одбива жалбата изјавена против решението на судија за извршување санкции за одложување на затворската казна, со што би се комплетирала доставата.
Доколку доставата не се комплетира, соопштува Судот, судијата за извршување санкции може да презме дополнителни мерки согласно Законот за Извршување санкции
Comments are closed for this post.