Порнешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија повторно се појави во јавноста на нова бизнис забава во Будимпешта.

На официјалната страна на Фејсбук „Бизнис забава Будимпешта“ е објавена фотографија на која се гледа експремиерот Груевски фотографиран на црвен тепих со уште двајца мажи и една жена. На Фејсбук страницата е објавено дека на забавата присуствувале претставници на компании и поканети гости.

Ова е второ негово појавување на бизнис забава откако претходно беше „уловен“ на сличен настан на брод.