Поранешниот премиер Никола Груевски, сега азилант во Унгарија вели дека чувствува горчина, а не вина за притворањето на неговите најблиски соработници по неговото бегство во Будимпешта.
„Јас чувствувам горчина, а вина треба да чувствува Зоран Заев. Виновна е власта и цел народ знае дека овие луѓе се во притвор заради политичка одлука“, вели во интервју за Инфомакс, Груевски.
Тој не открива кој му помогнал да избега, но категорочно тврди дека ниту некој од власта, ниту некој од неговата матична партија му помогнал да замине за Унгарија.
Comments are closed for this post.