Во периодот кога Антонио Милошоски поднесе оставка на функцијата министер за надворешни работи, Никола Димитров дојде кај мене и ми рече дека е подготвен да облече партиски дрес доколку стане министер. Сепак јас подоцна се одлучив за Никола Попоски, вели поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и азилант во Унгарија, Никола Груевски во интервју за Инфомакс.

Груевски исто така истакна дека Димитров никогаш не бил десничар, а тој впечаток своевремено за него се создавал благодарение на неговите родители. Тој се осврна и на периодот во минатото кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, поделбите со ВМРО-Народна, различните ставови со Никола Димитров и неговиот татко Димитар Димитров и разговорот со Димитров откако во 2006 дошле повторно на власт. На еден од состаноците на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, таткото на Никола Димитров кој бил во улога на советник револтирано заминал обвинувајќи за оска Атина-Белград.

Никола Димитров и не бил член на ВМРО-ДПМНЕ. Освен за прашањето за името имавме слични размислувања. Кога во 2006 дојдовме на власт тој беше во Вашингтон. Ми рече дека зборел лошо за мене од онашо го знаел од неговиот татко. Потоа имаше коректен однос. Тој е е интересна фигура. Знае да прави лице и да биде лицемерен, рече Груевски.