Изет Меџити со статус на Фејсбук напиша дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието.

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека тоа е негова лична одлука и дека ја почитува.

-На последниот состанок се согласивме да ги поддржуваме политиките на ДУИ. После таа средба, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека сите прашања се решени и немам што да додадам по таа изјава, рече Груби.

На прашањето дали Меџити може да биде наследник на Ахмети на чело на ДУИ, Груби одговори:

-Изет Меџити има над 20 години искуство во ДУИ и како и да е може да биде наследник на Ахмети, рече Груби.