Изјавата на Весел Мемеди е избрзана. Да размисли и да ја преиначи одлуката да го напушти парламентарното мнозинство и владината коалиција поради одлуката на премиерот Зоран Заев да му го одземе министерството за локална самоуправа, повика пратеникот од ДУИ, Артан Груби.
На Весел Мемеди му е понудено конкретно министерското место на Шапуриќ, со тоа што НДП ќе остане дел од парламентарно мнозинство. Затоа, се надевам дека во неговите одлуки ќе преовладува рационалното, а не емотивното “, рече Груби.
Според него ваквата одлука на Мемеди ќе биде во корист на НДП, но и доколку донесе спротивна одлука, парламентарното мнозинство вели Груби ќе биде стабилно.
Comments are closed for this post.