Сведоци сте дека во Влада се зборува албански јазик, секој ден во Собранието се зборува албански, како и во канцеларијата на претседателот на државата, но најважно од се е дека од употребата на албанскиот јазик, како придобивка од Охридскиот рамковен договор не изгуби никој, најмалку изгубија Македонците, напротив се добија многу полојални заедници, многу полојални граѓани затоа што колку е полојална државата кон граѓаните и заедниците, толку се полојални граѓаните и заедниците кон државата, нагласи денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Тој, на денешниот настан, што се одржа во низата случувања по повод одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор, нагласи дека употребата на албанскиот јазик е еден од столбовите на Охридскиот договор.

Во рамки на денешниот настан, што беше организиран од страна на Агенцијата за примена на јазикот, беа врачени сертификати на преведувачи на албански јазик кои работаат во државните институции