ГРОМ: Забелешките на Пендаровски се објективни и на место- Филипче со кавги нема да ја покрие неспособноста

31.03.2021 / 15:41


раѓанската опција за Македонија – ГРОМ најостро го осудува неспособниот министер за здравство Венко Филипче во неговиот арогантен обид да се пресметува со Претседателот на државата.

-Господинот министер за здравство е најнеуспешниот министер во историјата на Република Македонија и неговиот мандат е исполнет со обиди за криминални провизии, неуспех во менаџирањето со здравството, без ниту една набавка на современа опрема потребна за врвна здравствена заштита, без набавка на ниту еден респиратор, доцнеше со хигиенски материјали, скафандери и друга заштитна опрема за вработените во ковид центрите и со тоа го доведе во прашање здравјето не само на здравствените работници туку и на целото граѓанство. Дека се работи за изгубен случај, говори фактот што тој и неговиот Премиер ја одбија понудата за вакцини од Русија и Кина, со образложение дека ние сме биле земја членка на НАТО, а денес во посета им е Министерот за одбрана на Кина, кој според безбедносните проценки е најголема закана за нашиот стратешки партнер, велат од ГРОМ и додаваат:

„Венко Филипче и Зоран Заев се вистински пример како не треба да се раководи и од нивното лошо раководење трпи целото општество. Обидите да се замолчи опозицијата и критиките на медиумите блиски до власта се проширија и врз претседателот на државата. Наместо да се сокријат зад сопствениот срам што народот бараше чаре во Србија и да ја сфати добронамерно забелешката на претседателот, тој демонстрираше невидена ароганција непоимлива за Министер кој соборува светски рекорди во смртност од Ковид 19“.

Ако немаат право да дадат забелешки на лошото министерување на Филипче опозицијата, граѓаните и претседателот на државата, тогаш кој?, прашуваат од ГРОМ.

-Затоа Граѓанската опција за Македонија го подржува претседателот Стево Пендаровски уште поенергично да реагира за сите неуспеси, промашувања и скандали кај било кој што троши народни пари.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски не ја исклучува можноста Груби да се врати во Шутка

пред 9 часа
Македонија

Мицкоски смета дека Филипче е исплашен од исказот од Груби

пред 9 часа
Македонија

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

пред 10 часа
Македонија

Повисокото јавното обвинителство, а не Советот на јавни обвинители биле надлежно за случајот „Груби“

пред 16 часа
Македонија

Мицкоски му порача на Филипче дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира и следната влада

пред 16 часа
Македонија

Генералниот секретар на НАТО во вторник доаѓа во официјална посета на Македонија

пред 17 часа
Македонија

Кој го предаде Кузман Питу на Бугарите?

пред 19 часа
Македонија

Обвинителите не се откажуваат од повисоки плати

пред 21 час
Македонија

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

пред 21 час
Македонија

Два посто обвинителството не го остави Груби ни една ноќ да преспие во „Шутка“

пред 23 часа