Граѓаните од ден на ден се повеќе се гневни на власта која буквално не презема ништо со коронавирусот, но и со се останато.

Иако Зоран Заев ветуваше бројчаник над Портата Македонија, кој ќе го мерел долгот кој го има секој македонски граѓанин и нашата змеја со задолжувањето на поранешната власт, тоа не се случи до ден денес.

Наместо тоа граѓаните денеска му посветија парола во вид на бројчаник на Заев кој јасно ги покажуваат страшните црни бројки во нашата земја.

Еве го бројчаникот на Заев 1.136 починати, 39.760 заразени, 2000.000.000 евра долг, 40.000 избркани од работа, вето за ЕУ. Можете уште повеќе, стои во пораката до власта.