Европскиот суд за човекови права донесе пресуда (Case of X and Y v. North Macedonia) во корист на двајцата жалители Роми кои пред Судот се жалеле на повреда на нивните човекови права и на Конвенцијата во делот на забраната за мачење и полициска бруталност.

Според Судот, во овој предмет постои повреда на членот 3 од Европската конвенција, кој пропишува дека: „Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.“ Судот утврдил дека во случајот македонската полиција не спровела ефективна истрага за предметот и жалбите на апликантите дека биле изложени на полициска бруталност.

извор: Академик.мк