Корупцијата и неспособноста за менаџирање на ковид-кризата, но и генерално на државата ја топат предноста на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ.
Во најновата анкета на американскиот Национален демократски институт близок на републиканците и претседателот Џо Бајден ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ. Тоа изнесува четири проценти, односно ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 14 проценти, а СДСМ 10.
Само пред една година, на анкета на НДИ објавена на медиуми блиски до владејачката СДСМ, СДСМ водеше со БЕСА за 5% пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а Заев имаше најголема доверба меѓу граѓаните. Оваа анкета беше објавена непосредно пред вонредните парламентарни избори што се одржаа на 15 јули.
Една година подоцна, пред редовните локални избори анкетата на НДИ е силна порака до власта и премиерот Зоран Заев дека ја губат поддршката на народот.
Анкетата која ја објави Националниот демократски институт потврди дека народот ќе го порази Зоран Заев и СДСМ на следните избори заради лошите политики, криминалот и корупцијата. Од анкетата на НДИ јасно се гледа дека граѓаните повеќе не му веруваат на СДСМ и дека ти е водат целосно погрешна политика, е коментарот на ВМРО-ДПМНЕ на објавената накета на НДИ.
Според анкетата во која не се опфатени пожарите и последниот бран на коронавирусот, правена е во март годинава, власта најлошо се справува со економијата, невработеноста и отварањето на нови работни места и здравството и здравствениот систем.
Власта потфрли во образованието, ја поткопа и онака кревката доверба во институциите, ја нагласи партиската припадност како пресудна за напредување во кариерата, пропадна банка, се затворија фабрики…
Нема капитални инвестиции, нема нови работни места, над 60 илјади луѓе останаа без работа, целосен хаос во здравство, без план во образованието, уништено земјоделие се само мал дел од „проектите“ на оваа власт. Затоа граѓаните се помалку им веруваат и казната за ваквите лоши политики ќе дојде многу скоро.
Вртоглавиот пад на рејтингот на СДСМ несомнено е резултат и на брзото донесување на законски решенија кои криејќи се зад европското знаменце, обезбедуваат корист на малкумина блиски на семејството Заеви.
Од европскиот сон за македонскиот народ остана само стапот од европското знаме. А знамето им припадна на бизнисите на Заев, оној со марихуаната и оној со албанските пазарења. Па така, европското знаменце обезбеди извоз на марихуаната од плантажите на Заеви, а поддршката на Заев Албанците ја наплатија со Законот за државјанство со платена смета од струја.
Comments are closed for this post.