Денес ќе се состанеме со останатите членови од општинскиот Кризен штаб и ќе разговараме дали евентуално треба да се дополнат досегашните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, изјави за „Утрински брифинг“, градоначалникот на градот Прилеп, Илија Јованоски.
Тој наведе дека е зголемен бројот на граѓаните кои одат во кафулињата.
Тие многу се собираат пред банките и малку се почитува социјалната дистанца. Посебно ме загрижуваат куќните собиранки во попладневните и вечерните часови, што за жал најмалку се контролира. Тоа е едната од главните причини зошто Прилеп има толку многу заразени, вели градоначалникот.
Од направените 2789 тестирања во последните 24 часа во земјава, во Прилеп има 43 новозаразени
Comments are closed for this post.