Градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров е позитивен на корона вирус. Тој ја информираше јавноста дека почувствувал покачена телесна температура, по што се тестирал.

И покрај заштита за целото време на пандемијата на Ковид-19, резултатот од тестот кој го направив вчера, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен.
Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите.
Вирусот е опасен и непредвидлив. Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата на Ковид- 19 – соопшти Петров.