Разрешен е Златко Перински, директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер, соопшти Град Скопје.
-Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомневања на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 9 септември, соопшти кабинетот на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
Comments are closed for this post.