Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Смилевски-Бато“, вчера околу 18:30 часот, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф“ со тетовски регистарски ознаки.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот“.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово, соопшти денеска МВР.

Кавадарчанец  пак на возраст од 60 години бил тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Сообраќајната незгода се случила на ул. ,,Шишка“, помеѓу патничко возило „опел корса“ со кавадаречки ознаки, управувано од З.М. (60) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“, исто така со кавадаречка регистрација, управувано од кавадарчанецот  М.Г.(61), појасни Додевски.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.М. кој бил пренесен во кавадаречката болница.