Голема полициска акција се одвива во Скопје.Се прават претреси на дваесетина локации, а уапсени се петнаесетина криминалци, пред се дилери и разбојници, првично објави МВР.

Цел се најмалку 17 лица кој се поврзуваат со трговија на дрога, а според неофицијални извори, досега се уапсени 15 лица, објави „Плусинфо.мк“.

Полицијата детали најавува по нејзиното завршување.