Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендот во кумановското село село Сопот го отвори меморијалниот центар или музеј на УЧК. На свеченоста Ахмети упати неколку пораки дека Албанците се господари во Македонија и државотворци.
Во музејот се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари. Неизбежни се и фотографиите од Али Ахмети.
Сепак најконтроверзен декор во музејот е знамето на „Голема Албанија“ со голем дел од Македонија.Србија и Грција.
Пред влезот на комплексот се наоѓа мермерна плоча со картата на „Голема Албанија“ пред која се поклонија учесниците во манифестацијата.
Comments are closed for this post.