Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ заврши за својата работа а власта и обвинителството молчат зошто т.н канцер мафија е заштитен. За одговорност и да не спомнуваме.

Јавното обвинителство се однесува како да не е одовде и е незаинтересирано.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека до нив пристигнале сериозни индиции дека криминалот на Онкологија не запрел.

Власта си поигрува со човечки животи, а една веледрогерија блиска до власта печали.Имено според Извештајот за работата на Онкологија, набавките кои се вршени се менувани без согласност од Клиниката.

Според опозицијата, во  Извештајот е нотирано дека нарачките се подготвувале секој понеделник врз основа на тековна залиха, се одобрувале со потпис од директорите, но не постоел писмен допис кој ги одобрува измените на лековите и количините за нарачка.

Власта си имала и омилени веледеогерии и не го користела  КАТО системот кој во целост ја елеминираше можноста за злоупотреби на терапиите за болните од рак.