Поранешниот премиер Никола Груевски е прогласен за виновен во обвиненеито за случајот „Насилство во Центар“ и осуден на затворска казна од една година и шест месеци, додека за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески Судот одреди условна казна во траење од година дена.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше изречена пресудата и за останатите обвинети, кои се товареа за поттикнување насилство за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година. И за нив беше доделена условна казна затвор.