Политичарите од земјава очекуваат соседна Бугарија да направи исчекор, уверувајќи дека црвените линии се македонскиот јазик и идентитет, а придавката “македонски” е идентитетска, дополнително потврдена во Преспанскиот договор. Придавката ја оспорува бугарскиот тим, но од друга страна премиерот Заев вели дека таа е употреблива насекаде низ светот.

– Нормално ратификацијата на Преспанскиот Договор прави јасна дистинкција кога зборуваме за владата на Република Северна Македонија, но кога зборуваме за македонската историја, кога зборуваме за македонската политика, за макеоднскиот исток, како што е Штип, кога зборуваме за макеодонскиот народ, кога зборуваме за македонско, Македонец, секако придавката е идентитетска и таа е јасно дефинирана Така што, во овој дел апсолутно нема никакви дилеми. – Зоран Заев – претседател на Влада