Денеска продолжуваат антивладините протести на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. За во 18 часот пред Владата на Македонија е закажан нов протест на кој се бара оставка од премиерот Зоран Заев.

Протестите ќе почнат половина час порано, во 17,30 пред спортските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ од каде со автомобили кон Владата ќе се движат учесниците во протестот.