По објавата на текстот под наслов „Ќе ги прави „Северни“: По Македонски Брод, Заев ќе го менува името и на Македонска Каменица?“ од Владата пристигна демант кој го објавуваме во продолжение.

Владата на Република Северна Македонија најостро го демантира текстот на вашиот портал насловен: „Ќе ги прави „Северни“: По Македонски Брод, Заев ќе го менува името и на Македонска Каменица?“. Ова е уште еден во низата класични примери за лажна вест без никаква основаност, користејќи шпекулативни најави.

Во продолжение на демантот се појаснува дека ниту едно имe на ниту еден македонски град нема да биде променето.

Македонски Брод и Македонска Kаменица секогаш ќе останат македонски. Придавката „македонски“ не е и нема да биде предмет на разговори со Република Бугарија и тоа јасно и недвосмислено го повтори премиерот Зоран Заев во вчерашното интервју за „Канал 77“.