Сите надлежни институции, како и Владата предводена од СДСМ, континуирано и посветено работат на решавање на наследниот проблем со загадениот воздух, возвраќаат од СДСМ.

 

„Катастрофата наследена од криминалната ВМРО-ДПМНЕ, партијата која го игнорираше проблемот и уништуваше се што е здраво и зелено, денес се решава со бројни активности и мерки на централно и локално ниво, со цел да се обезбеди почист воздух за сите граѓани“, велат од владејачката партија.

Од таму велат дека ги презезеле следниве мерки во оваа насока: расчистување на дивите депонии и лоцирање на загадувачи, засилување на процесот на гасификација, воведување на еколошки стандари во сообраќајот, доделување на субвенции за чистење оџаци и печки на пелети, заплена на стари гуми, засадување на дрва и зголемување на зелени површини, набавка на еколошки автобуси…