Се чувствува атмосферата дека СДСМ тоне и не работи ништо, владата предводена од Заев буквално нема ништо направено и тоа се гледа кај луѓето, нагласува Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев за Курир.мк

Се гледа кај обичниот народ, кај бизнисмените, во администрацијата, буквално секаде. Од тоа што можеме да го почувствуваме од граѓаните е дека СДСМ тоне и ќе замине во историјата, а оваа Влада ќе биде прогласена за убедливо најнеспособната влада што некогаш Македонија ја имала.