За обидот за правење на референдумски поткуп од страна на премиерот Зоран Заев на средба со граѓани во Крива Паланка, „Глас за Македонија“ денес поднесе претставки до

Јавниот Обвинител на РМ;

Државната Изборна Комисија (ДИК);

Државната Комисија за Спречување на Корупцијата (ДКСК);

Transparency International – Macedonia

Мисијата на ОБСЕ-Скопје

Ги повикуваме горе наведените институции да делуваат независно и да покажат дека за нив, сите граѓани се еднакви. Нивното делување во случајот на овој мега скандал, а во пресрет на закажаниот референдум, будно ќе го следиме, велат од Глас за Македонија