Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски попладнево го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата.

„Членовите на Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избраа и му дадоа поддршка на Сајкоски бидејќи веруваат дека тој одговорно ќе ја врши функцијата Генерален секретар и ќе ги застапува конкретните политики на партијата кои ќе допринесат да се насочи Република Македонија на вистинскиот пат“, стои во партиското соопштение.

 

Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Тој е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во сегашниот состав на Собранието. Досега има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа и директор на ЈП Студенчица.

„Сајко нека е со успех позицијата, нѐ чека многу работа и заеднички битки. Се до конечна победа над мафијата!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.