Синоќа јавноста повторно беше вознемирена од уште едно грозоморно убиство во Ѓорче Петров. Човек беше застрелан со еден куршум во глава во близина на касарната. Ова е класична ликвидација. Ова убиство е уште еден доказ за тоа дека криминалот владее на улиците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција истакна дека Република Македонија е претворена во крвава арена, а како што рече Оливер Спасовски си брка тендери и политика, полицијата ја нема на терен, а граѓаните се незаштитени.
Неспособниот министер Спасовски МВР го претвори во статистичка институција за нотирање на убиства, грабежи, сомнителни пожари и насилства. Случаите остануваат или неразрешени или убијците никогаш не се пронаоѓаат. Уште колку убиства сред град треба да се случат, за Оливер Спасовски да си поднесе оставка. Се додека тој е на врвот на МВР криминалците ќе се чувствуваат охрабрени и заштитени., рече Ѓорѓиевски.
Comments are closed for this post.