Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Џим Де Минт, претседател на Институтот за конзервативна соработка (ЦПИ) близок до Републиканската партија.
Ѓорчев го информираше соговорникот за актуелната политичка состојба во Македонија после неуспешниот референдум на 30-ти септември, на кој што политиките на Зоран Заев доживеаја тежок пораз.
На референдумот граѓаните во големо мнозинство искажаа незадоволство од предлозите на владата на СДСМ, порачувајќи дека не даваат поддршка за уставните измени. Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука во Собранието да не гласа за уставните измени кои што ги предлага владата на Зоран Заев. Истовремено, Македонија се соочува со влошена економија, зголемен долг, засилен политички прогон, суспендирана демократија и намалени медиумски слободи, се вели во соопштението.
Comments are closed for this post.