Нелогично и лицемерно е СДСМ преку ден да најавува и спроведува попис на населението, попладне функционерите на СДСМ да одат во илјадници домови за ажурирање на членството на СДСМ како огромен, огромен ризик за јавното здравје, а навечер да се најавува полициски час. Тоа е лицемерно, тоа е ризик за јавното здравје, тоа е целосно нелогично.

Господо од СДСМ, време е за оставки. Време е за оставки за тоа што сте најлоши на светот, со најлоши бројки, со најмалку вакцинација, а најмногу мртви од короната. Ова е фијаско и катастрофа што се случува секој ден во Македонија.