Германскиот Бундестаг денеска го ратификуваше протоколот на членство на Македонија во НАТО. Со тоа, Германија стана 16 земја членка која даде зелено светло за членство на нашата земја во северно-атланскиот сојуз.

Седницата изобилуваше со кавги поради тоа што Македонија најверојатно нема да добие датум за преговори со ЕУ пратениците влегоа во жестоки расправии, најмногу за оддолжувањето на добивањето датум за преговори со Европската унија.

Партијата на Зелените дури ја обвини Канцеларката Меркел дека не сака да одобри датум за преговори со Македонија и покрај тоа што го затвори прашањето за името со Грција.