Пожарот кој цел ден е активен во населбата Пинтија повторно се разгоре. Иако претпладне се мислеше дека тој е локализиран, во попладневните часови огнот се разгоре. Покрај противпожарни екипи, беа викнати и авиони-канадери.

Постоеше опасност огнената стихија да ги зафати и куќите во близина а гореше шума и трева.

Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште, изјави за МИА заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

Тој информира дека ноќва на терен ќе има дежурни екипи на пожарникари, иако теренот е непристапен