Во статутот на ДУИ не постои самоисклучување ниту пак ние сме изјавиле негде дека се самоисклучуваме од партијата. Ние мислиме поинаку, но не значи дека не сме сопартијци и членови на партијата. Не сме задоволни со именувањето на актуелните министри од ДУИ, укажува Висар Ганиу, градоначалник на Чаир и дел од т.н „Огнена група“.
Тој во интервјуто за „Република“ говори за состојбите во ДУИ и во кој правец се движи партијата со последните превирања.
Значи не сме исклучени. Бараме кадровски промени во партијата бидејќи оваа гарнитура на министри е најслаба откако постои ДУИ.Се правеше мобинг врз сите што се во Централното раководство а претходно почна и разрешувањето на сите директори што мислат исто како нас. На споменатиот состанок не се даде извештај зошто е формирана таа комисија, никој не отвори уста, дури ни претседателот. Директно се помина на гласање каде што се знаеше дека повеќе од членовите на централното раководство се директори и министри, а претходно тие што мислеа поинаку ги разрешија и на тој начин почнаа да прават мобинг и притисок врз сите членови за тоа гласање да помине така како што помина-открива Ганиу за „Република.
Ганиу напоменува дека нивен главен фокус се Артан Груби и неколкумина министри, но не знае зошто Ахмети има толкава доверба во него.
ДУИ не е истата партија и функционира поинаку од тоа што го знаеме од порано. Никогаш вака не сме ја гледале партијата. Ова е тотална анархија што владее во ДУИ, има различни изјави.Нас не нѐ канат во партијата, не одиме таму бидејќи во сите групи на „Вибер„ и „Ватсап“ нѐ избришаа. Имаа и два состаноци на кои не бевме поканети.
Ганиу уверува дека нивната група има огромна поддршка меѓу членовите на ДУИ.
Поддршката е поголема од ние што мислевме.Каде и да одиме луѓето имаат силни притисоци, вработени но и тие што имаат приватен бизнис. Следат дури и фотографии кој со кого седи. Тоа не било никогаш навика на ДУИ. Секогаш бевме стабилен и сериозен субјект. Подршката е навистина голема, секој ден граѓани ни се јавуваат и не гледаат како глас за спас на партијата и да не ја оставиме ДУИ на погрешен пат.
Toj потсетува дека во ДУИ никогаш немало одмазда, бркање од работа, разрешување кон тие што имаат спротивно мислење како тоа што се случува сега со нивни членови и приврзаници.
Кога ДУИ функцонираше на јаки столбови овие работи беа минорни и со ова никогаш не се занимававме и затоа имавме симпатии кај народот. Колку и да не е убаво кога некој те критикува тоа е допринос кон себеси да се поправиш. Но, сега се луѓе кои се во партијата се без никаква база како што е Артан Груби. Јас сум убеден дека тој во негова месна заедница нема да помине, а не да стигне до тоа ниво. Нормално е дека ќе воведат такво функционирање кое наликува на Мендух Тачи и партијата ДПА кога беше во тој пад и гледаа да се спасат преку вакви работи а не да анализираат меѓу себе, да ги гледаат грешките и да ги поправат. Во моментов Артан Груби е број еден, згора на тоа е и вицепремиер и се реваншира на секој директор кој мисли исто како нас. Груби менаџира со сите министерства, со сите директори и практично се е под негова контрола.Ова го велам со голема одговорност. Секој што не мисли како Груби веднаш го брише и елиминира и паралелно формира други органи и на свој начин владее со сите тие организации и форуми внатре во партијата.
Градоначалникот верува дека ќе се изборат за она што го бараат внатре во партија и засега не размислуваат да пристапат во некој опозициски албански блок.
Не се бориме за поединечни позиции туку ДУИ да го вратиме на вистинскиот пат бидејќи рејтинзите покажуваат пад на поддршката.Сакаме да го стопираме тој пад и од грешките да учиме. Целта не е да сме против ДУИ туку сакаме внатре во ДУИ да се направат сите тие реформи и да биде таму каде што и е местото. Групата на Артан Груби со структура, со членство нема шанси да нѐ победи.Единствено преку узурпирање на партијата, но на терен не можат да не победат бидејќи ние сме на вистинскот пат и само ја пренесуваме волјата на нашето членство и сме нивен глас.
Коментирајќи го Договорот со „Бектел и Енка“ каде повторно главен е Артан Груби, Ганиу напоменува дека никој не е против изградба на коридори но оти е проблематичен начинот на кој се прави.
Коориднатор на тој проект е човек кој никогаш не се занимавал со урбанизам, не знае за 200 метри асфалт фазите како се поставуваат и чудно е да менаџира со целиот проект. Тој треба да решава други работи во министерството за политички систем. а не да се занимава со овој коридор. Не јасна причината зошто овој договор не е објавен јавно бидејќи во последниве години многу се инвестира во транпарентност. На Груби стилот му е да манипулира и да прави Пи-ар и да спинува-смета Ганиу.
Comments are closed for this post.