Предлог-преговарачката рамка за Република Македонија со Европската Унија, а која ја претстави Француското претседателство со Унијата е проследена во законодавниот дом на разгледување и носење натамошни заклучоци согласно со процедурите. Одлуката за тоа ја донесе Владата вчера на седница, откако ја разгледа Информацијата од Министерството за надворешни работи за предлогот, што стаса во Собранието, но седница се уште не е закажана.
Активностите на граѓаните кои протестираа против францускиот предлог во изминатите шест дена, денеска продолжуваат со блокади низ државата, а протест повторно е најавен за в недела во 19 часот. Блокади се најавени во периодот од 13 до 14 часот во Скопје пред Владата, како и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.
-Отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ без натамошно одлагање претставува еден од клучните исчекори во односите меѓу Република Македонија и ЕУ, за реализирање на стратешката цел за полноправно членство во ЕУ, порача Владата во Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка за пристапните прговори на Република Македонија со ЕУ, предложена Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година.
Во Информацијата е наведено дека предлог преговарачката рамка е подготвена согласно со член 49 од Договорот за Европската унија и сите релевантни заклучоци на Советот на ЕУ, особено оние од 25 март 2020 година со кои беше усвоена зајакната методологија за проширување и донесена одлука за почеток на преговорите за пристапување со Република Македонија.
Со заклучоците од 25 март 2020 година, стои во Информацијата, се поздравува демонстрираната решеност на Македонија за унапредување на реформската агенда поврзана со пристапниот процес, постигнатите конкретни и одржливи резултати и исполнетите услови од страна на Македонија за почетокна пристапните преговори. Рамката се осврнува на потребата од ефикасно исполнување на стандардите и критериумите за членство кои произлегуваат од копенхашките критеруми и процесот за стабилизацијаи асоцијација, а чие исполнување води кон стабилни институции кои гарантираат демократија, владеење на правото, човековите права и почитување и заштита на малцинството, функционална пазарна економија – способна да се справи со кнкуренцијата и пазарните сили во ЕУ, способност да се прифатат и ефикасно да се спроведат обврските од членството, вклучително и придржување кон целите на политичката економска и монетарна унија, како продуктивна регионална соработка и добрососедски односи.
Пред Владата да ја донесе одлуката, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби изјави дека Владата нема да одлучува за францускиот предлог, туку само ќе го проследи до Собранието.
– Владата нема да одлучува по однос на овие прашања без документите да дојдат во Собранието, да се усогласат и Собранието да ја заложи Владата да постапува по однос на тие документи, рече Груби.
Владејачкото мнозинство, како што објасни, смета дека сите документи што се доставени од Брисел и сите билатерални документи кои се усогласуваат со Софија треба да се поднесат во Собранието каде парламентарните политички партии треба да отвораат конструктивен дијалог и да одлучуваат по овие документи и потоа да ја задолжат Владата со заклучоци по однос на информацијата што ќе ја добијат да постапува.
Comments are closed for this post.