Француска дипломатка ги демантира властите во Скопје кои прикажуваат дека вчерашниот предлог на Франција до Бугарија и Република Македонија е различен од со првичниот, што беше изгласан во бугарскиот парламент.
Француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин како што пренесува БГНЕС тврди дека тоа што сега станува предмет на консултација во Скопје е истото што Ковачевски го отфрли минатата недела во Брисел.
-Предлогот, не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата во Заедницата, вклучително и Бугарите. Документот е идентичен со првиот, веќе изгласан во бугарскиот парламент и не треба ново разгледување во нашата земја, изјавила Робин која тврди дека Париз не врши притисок врз Бугарија.
-Документот се одржува во духот на претходниот договор, кој бугарскиот парламент веќе го изгласа и нема потреба повторно да се разгледува. Ова е компромисен предлог. Не го ревидира, туку го рафинира претходниот документ. Воспоставивме рамка за добрососедство во односите меѓу двете земји и тоа ја потврдува посветеноста на Македонија во заштитата на правата на малцинствата во заедницата”, рече Флоренс Робин која не разбира зошто владата во Скопје ја убедува јавноста дека тоа што сега е на маса е подобро од тоа што претходно било одбиено.
Comments are closed for this post.