„Форин полиси“: Непростлив е молкот на САД за заканите на Бугарија кон стратешкиот партнер С.Македонија

29.10.2020 / 12:10


Фокусот на Администрацијата на Трамп на решавање економски прашања на Балканот и замижувањето кон политичките, придонесе за влошување на односите меѓу некои земји уште од времето на војните пред две децении, објави синоќа Форин полиси. 

Во анализата насловена „Како Трамп го изгуби Балканот“, од Едвард Џозеф, професор по менаџмент на конфликти во универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, се истакнува случајот со можната блокада на ЕУ интеграциите на Македонија од страна на Бугарија „поради идентитетски прашања“.  

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се фокусира само на економски,, а покажува презир кон политичките прашања, стои во анализата. 

-Последниот графички пример за тоа е несвесното охрабрување од страна на високи службеници на САД на еден НАТО сојузник, Бугарија, да се заканува со воена интервенција кон друг сојузник, С. Македонија. 

Џозеф ја наведува средбата во Вашингтон на 6 октомври меѓу американскиот министер за одбрана, Марк Еспер и неговиот бугарски колега, Красимир Каракачанов „агресивен националист со долга листа од бомбастични изјави против соседната С. Македонија“.  

Се додава дека иако минатиот месец Каракачанов уште еднаш ја повторил заканата на Софија за блокада на пролонгираниот почеток на преговорите за членство во ЕУ меѓу Скопје и Брисел, „бугарскиот министер беше напоен со виски и пофалби во Вашингтон, а американските политичари склучија десетгодишен договор „патна карта за соработка во одбраната“ и продажба на осум ловци Ф-16. 

Џозеф наведува дека САД го сториле тоа без никаква пројава на загриженост во однос на диктатот на Бугарија. а „по дружељубието во Вашингтон следуваше посета на висок официјален службеник од Стејт департментот, Р. Кларк Купер, на Бугарија, кој „изрази недвосмислена благодарност на САД за посветеноста на Софија на алијансата“. 

-Два дена подоцна, Каракачанов го шокираше регионот со отворена закана дека Бугарија ќе испрати војници во Северна Македонија, мешајќи го ултиматумот со тврдењето дека С. Македонија била закана за „територијалниот интегритет на Бугарија“, алудирајќи дека Бугарија има casus belli (повод за војна), набљудува Џозеф. 

Тој наведува дека Администрацијата на Трамп не само што не испратила некаков сериозен сигнал пред овој изблик на агресија, но и дека САД немаат кажана ништо и после тоа.  

-Товарот падна на министерката за одбрана на С. Макодонија, Радмила Шеќеринска, да испрати достоен прекор до Бугарија, дека „земјата е членка на НАТО, и ние сме членка на НАТО, и ова не е начин како членките на алијансата комуницираат или како треба да комуницираат“. 

Џозеф смета дека молкот на САД е непростлив, а од друга страна многу Бугари не се сложуваат со заканите кои нивната власт ги испраќа кон Македонците заради идентитетски прашања и забележуваат дека тоа ќе ѝ наштети на самата Бугарија. 

Тој наведува дека власта во Бугарија биле толку паметна што дури го блокирала и влезот на Македонија во Фронтекс, Европска агенција за граничен меаџмент, „и сега можностите на Скопје да ја запре илегалната имиграција и да се бори со прекуграничниот криминал се намалени“. 

-Продажбата на Ф-16 ловци не е изговор за молчењето на Еспер или на неговите колеги од Стејт департментот, вели Џозеф. 

Потсетува на хипокризијата на Каракачанов.  

-Американските официјални лица требале да го потсетат на неговите изјави околу тензиите меѓу Грција и Турција дека „спорните прашања меѓу соседите треба да се решаваат преку преговори и дијалог, а не со употреба на закана и воена сила“

Џозеф потсетува и на сличиот однос на Вашингтон кон косовското прашање, каде „хиперболите на Трамп дека заслужува Нобелова награда за мир што го решил вековниот спор, и фокусот само на економски прашања донесоа само штети“.  –Најважната од кои е дека Алксенадар Вучиќ, уште еден тврдокорен националист, си го исполира имиџот дома без притисок да направи отстапки кон својот противник, се вели во анализата.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Mицкоски ќе бара лидерска средба за укинување на пржинската влада

пред 12 часа
Македонија

Сиљановска-Давкова: Божик е повик да погледнеме кон себе, да го разбудиме човечкото во нас, добрината, надежта

пред 18 часа
Македонија

Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека барањето Бугарите да бидат во Уставот не е единственото барање

пред 18 часа
Македонија

Мицкоски за Божик: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

пред 18 часа
Македонија

Паричката кај Ведран, синот на скопскиот градоначалник

пред 2 дена
Македонија

Паричката кај Антониj: Бадник во домот на премиерот Мицкоски

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

пред 2 дена
Македонија

Николоски објави видео: 40 километри од автопатот Охрид–Кичево веќе во функција

пред 2 дена
Македонија

Бадниковата поворка кај претседателката Сиљановска Давкова

пред 2 дена
БОЖИКНА ЧЕСТИТКА

Димовски: Божиќ е празник на семејството, ден кога посакуваме и се молиме за добро здравје, среќа и радост

пред 2 дена