Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на прес конференцијата со премиерот Ковачевски го повтори она што претходно го „твитна“ дека граѓаните имаат „посебен“ идентитет но без да каже како тој се нарекува. Со тоа потврдува дека ЕУ не е на чисто со зборот „македонски идентиет“ и затоа се употребуваат формулации како „посебен“ или „уникатен“.

 Затоа еден ден сигурна сум дека ќе ја пречекаме Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик. Денеска веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик во нив.