Претседателката на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен беше прашана зошто не е предвидена предба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Таа објасни дека практика било да се среќава само со претседатели и премиери во државата каде доаѓа и затоа нема да има средба со лидерот на опозицијата.

Каде и да сум обично се среќавам со шефот на државата и на Владата зависно од уставниот поредок. Ова е случај со моето патување во Западен Балкан, но тоа е случај со сите мои други посети и патувања кога посетувам земји членки постои правило дека се среќавам со шефот на државата или со премиерот на државата, одговори Фон де Лајен.