Директор на Центарот за студии за Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, Австрија, д-р Флориан Бибер францускиот предлог го оцени како катастрофа за проширувањето, прави преседан со ставањето на билатерални прашања во преговарачката рамка. Бугарските барања ги нарекува националистички. Предлогот, според Бибер е неурамнотежен, бидејќи значително е поблиску до бугарските барања, отколку до позицијата на Македонците и како таков тешко е прифатлив од македонска страна. Нема да има доволно поддршка во Македонија и
нератификувањето на договорот ќе се толкува како неуспех во Македонија, а не како неуспех на бугарските националистички барања, смета Бибер, кој е добар познавач на процесите во регионот и моментално е претседава со процесот Жан Моне за европеизацијата на Југоисточна Европа.
Неговиот став во шест точки во пренесуваме во целост:
Францускиот предлог за отстранување на бугарската блокада е катастрофа за проширувањето. Иако изгледа добро да се стави крај на бугарското вето, тоа постигнува малку и има големи опасности:
1.Го вклучува билатералниот спор во преговарачиот процес на ЕУ давајќи им легитимитет и охрабрување на земјите-членки на ЕУ да ги блокираат идните членки.
2. Значително е поблиску до бугарските барања отколку до позицијата на Македонците, па затоа е неурамнотежена.
3. Во суштина ја прифаќа националистичката логика на бугарската влада, која сугерира дека постои прашање за дискриминација на Бугарите во Македонија.
4. Игнорира дека проблемот е (делумно) создаден од ЕУ. 10.000 македонски граѓани добија бугарски пасоши БИДЕЈЌИ се ЕУ пасоши, не затоа што се бугарски. Граѓаните бараат да бидат граѓани на ЕУ (да работат) е злоупотребено од Бугарија со тврдењето дека се „етнички“ Бугари.
5. Двострано ги дискредитира механизмите за вистинските малцински права.
6. Нема да има доволно поддршка во Македонија и нератификувањето на договорот ќе се толкува како неуспех во Македонија, а не како неуспех на бугарските националистички барања. Наместо лесен излез, францускиот предлог дополнително ќе го наруши угледот на ЕУ и ќе го закопа процесот на проширување, смета Бибер.