8000-те вакцини од Фајзер што ни ги отстапува Србија во нашата земја ќе стигнат со интервентен увоз.
Министерот Венко Филипче вели дека компанијата во нашиот случај се согласила да отстапи од генералната политика и без регистрација вакцините од Србија да пристигнат со интервентен увоз.
Истата постапка ќе биде и за првата количина од 5850 дози договорена директно со Фајзер, а кои треба да стигнат во февруари.
Сепак Филипче очекува да нема пречки во законска процедура за измена на законот за лекови за да може без претставништво во земјата да се набавуваат вакцини.
Comments are closed for this post.