Бројот на починати од корона во Македонија надмина седум илјади, односно според последната статистика на Министерството за здравство од ковид 19 се починати се 7.019 лица. На светската мапа на починати Македонија се искачи на високо трето место по смртност. Или има 3.366 починати на милион жители. Пред Македонија се Перу и Босна и Херцеговина. На мапата на смртност во Европа, Македонија е втора, алармира ВМРО-ДПМНЕ.

Бројката на починати од корона во Македонија е 7.019 или тоа е повеќе од бројот на жители на 10 градови. Колку за илустрација  Демир Хисар има 2.593 жители, Демир Капија има 3.275, Пехчево има 3.237, Македонски Брод има 3.740, во оваа група  се и Валандово, Македонска Каменица, Крушево, Богданци , Кратово. И после сето ова Министерството за здравство се уште го води Венко Филипче, кој очигледно сака повеќе да глуми политичар, отколку да работи за тоа што е платен од граѓаните. Филипче уби повеќе од 7 илјади граѓани! Филипче уби два помали града од Македонија! Филипче со својата неспособност од мапата на Македонија избриша два града колку Македонски Брод, велат од опозициската партија.