За Филипче и Заев приоритет се провизиите, а не здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ, според кои министерот и премиерот успеааја да направат ништо, освен да уништуваат и пљачкаат.
Последна во низата пљачки е онаа со изградба на нов Клинички центар. Но, на сите им е јасно дека не станува збор за никаков проект за нов Клинички центар, туку за физибилити студија со која Филипче сака да земе заем од повеќе од пола милијарда евра, пари кои треба да ги враќаат граѓаните.
И Филипче наместо да мисли како да земе провизија, нека мисли како да направи проект за нов клинички, па потоа да бара пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, додаваат, но не е за пљачка на граѓаните.
Додека сите држави вакцинираа, Филипче мислеше како да земе провизии за што има докази дека уплатил 7,8 милиони евра на фантом фирма од Хонг Конг. И така граѓаните почнаа да се вакцинираат неколку месеци подоцна од граѓаните во другите европски држави.
Филипче треба да прекине да мисли на провизии.
Филипче треба да ја напушти функцијата, а потоа и да одговара за направените штети!, му порачуваат од партијата.
Comments are closed for this post.