Министерот за здравство Венко Филипче, рече дека има најави од Грција дека границите за македонските граѓани ќе бидат отворени на 14 мај и тоа Дојран и Богородица. Меѓутоа за сите кои ќе сакаат да одат кај нашиот јужен сосед, ќе биде задолжително покажување на потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест.
-Имаме честа комуникација со грчкиот министер со здравство, а разговаравме и со грчкиот министер за туризам Теохарис. Во врска со мерките, ме извести дека двете граници да ги отворат на 14 мај за граѓаните од Македонија во Дојран и Евзони. Но ќе биде задолжително потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Тоа земав обврска да видиме какви ќе бидат нашите потврди за вакцинација и листата на овластени лаборатории кои може да даваат ПЦР тест, рече Филипче.
И министерот за економија Крешник Бектеши рече дека со почеток на имунизацијата, се исполнети условите за проток на туристи, и дека од утре ќе започнат преговорите со соседите за признавање на ПЦР тестовите.
-Од утре сите институции ќе стапат во преговори со сите наши соседи за признавање на ПЦР-тестовите и тестовите за антитела. Што се однесува до мојот коментар за домашните туристи, стратегијата на Владата го обврзува Министерството за економија да го поттикнува и да се направат програми за негова поддршка, рече Бектеши.
Comments are closed for this post.